Фудбал
Нејмар: Сакам да играм во САД, таму одморот е 3-4 месеци
Се чини дека на Бразилецот Нејмар веќе му се здосадило да игра фудбал, а веројатно огромните суми на пари кои ги добиваше во Барселона, па и сега во ПСЖ го прават своето. Сака повеќе помалку да игра, а повеќе да одмора и ужива.
Тој има договор со ПСЖ до 2025-та година, а како што вели би сакал да игра во САД бидејќи таму првенството е кусо и има одмор од 3-4 месеци.
На прашањето дали би се пензионирал во Бразил, одговара:
„„Не знам, не сум сигурен. Не знам дали воопшто некогаш ќе играм во Бразил. Но би сакал да играм во САД. Барем една сезона“, рекол Нејмар и објаснил зошто би сакал да игра во Америка. „Како прво, таму сезоната е пократка. Тоа значи дека би имал три месеци за одмор. Подолго би ми траела кариерата, вели Нејмар.
Нејмар во моментов има 30 години, а кога ќе му заврши договорот со ПСЖ ќе има 33 години, што значи дека нема да биде чудно ако по завршувањето на соработката со францускиот тим замине во МЛС, односно САД каде на искусни фудбалери од Европа им плаќаат огромни суми на пари. Последен таков случај е Инсиње кој иако може да игра во Европа и да бира клубови, сепак се одлучи по завршувањето на сезоната да го напушти Наполи и да игра во САД за годишна плата од 9,5 милиони долари, сума која секако не би ја добил во ниту еден клуб во Европа.