Connect with us

Фудбал

Нејмар: Сакам финале против Аргентина, а таму нормално дека Бразил ќе победи

Нејмар игра во одлична форма на Копа Америка, тој беше и асистент во полуфиналето против Перу во победата на Бразил од 1:0, голот го постигна Пакета.

Со неговата асистенција до Пакета, „кариоките“ го совладаа Перу и се пласираа во големото финале на континенталниот собир.

Таму, Бразил ќе се судри со подобриот од вечерашниот натпревар меѓу Колумбија и Аргентина, а Нејмар посакува финале со „гаучосите“.

„Би сакал Аргентина да победи. Ќе навивам за нив. Имам многу пријатели таму. Но, доколку игра против нас во финалето, се разбира дека Бразил ќе биде селекцијата која што ќе победи”, смета напаѓачот на ПСЖ.

Поранешниот член на Барселона на годинешната Копа Америка постигна два гола, а беше асистент на победничкиот погодок на Пакета за триумф против Перу.

Од аргентинската репрезентација Нејмар е соиграч во ПСЖ со Паредес и Ди Марија, а добро познато е и неговото пријателство со Меси.