Connect with us

Фудбал

Нејмар се уште не е целосно подготвен, но вечерва ќе игра

Бразил вечерва ќе го одигра првиот натпревар на Светското првенство против Швајцарија.

Некогашните светски прваци се кандидати за златото во Русија, што и не е така чудно со оглед на тоа со какви фудбалери располага селекторот Тите.

Сепак, едно име се издвојува во составот, а тоа е Нејмар. Најскапиот фудбалер на светот беше повреден кон крајот на минатата сезона, но тој се опорави од повредата и ќе заигра на вечерашниот дуел.

„Се уште не е подготвен 100%, но Нејмар е силен. Исто така е брз и тоа не го загубил. Се надевам дека ќе биде подготвен, но медицинскиот персонал знае подобро. Доволно е добар за да може да игра“ кажа селекторот Тите.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com