Connect with us

Фудбал

Нејмар со нова изјава која нема да му се допадне на клубот и тренерот

Бразилецот Нејмар го постигна единствениот гол на ПСЖ на гостувањето кај Борусија Дортмунд во поразот од 2:1, кој може да се покаже како клучен на реваншот. Тој на овој меч настапи по повредата поради која не одигра четири меча во низа.

Вели, за слабата форма виновни се лекарите, но и го прозва тренерот бидејќи го „чувал“ за мечот со Борусија, па не му давал шанса да настапи на претходните мечеви.

-Тоа не емој избор, да се прашував јас, ќе играв, но тие беа исплашени, а тоа се одрази на клубот, но и на мене. Не се согласував со таа одлука, порача Нејмар по мечот со Борусија Дортмунд.