Connect with us

Фудбал

Нејмар во историјата на ЛШ, никој не го сторил тоа што Бразилецот го постигна вечерва

Бразилецот во дресот на ПСЖ Нејмар беше стрелец на три гола во победата на ПСЖ од 5:1 над Башакшехир. Со оваа победа тие го потврдија пласманот во нокаут фазата. Освен хет-трикот, Нејмар оваа вечер ќе ја памети и по друг успех.

Бразилецот вечерва направи нешто што никој претходно не успеал да го стори. Имено, тој стана првиот фудбалер во историјата кој успеал да постигне 20 голови во Лигата на шамипните за два различни тимови. Тоа го стори во дресот на Барселона, а сега и со ПСЖ.