Фудбал
Нејмар вреска од болки, тројца го држат, оваа повреда е најтешка во светот на спортот (ВИДЕО)
Нејмар (31) во октомври заработи тешка повреда на натпреварот помеѓу Бразил и Уругвај. Тој беше изнесен надвор од теренот на носилки, по што беше потврдено дека ги скинал предните вкрстени лигаменти и дека ќе отсуствува подолго време. Неговото опоравување е во тек, а на видеото кое го објави се гледа како тој буквално вреска од болка. Тој минува низ период на рехабилитација од една од најтешките повреди во светот на спортот. Додека лекарите работат со него и се обидуваат да му помогнат, Бразилецот се стега од болка. Во еден момент три лица го држеле, а еден од нив му го виткал коленото додека врескал и плачел од големи болки.
Neymar has shared a video of his rehabilitation from his ACL injury 😳
(via neymarjr/IG) pic.twitter.com/uz8DR5U7Mh
— ESPN FC (@ESPNFC) December 20, 2023