Connect with us

Тајмаут

Некогаш беше госпоѓа Шумахер, а сега заработува од сајт за возрасни, синот ја блокирал секаде, таа објавува провокативни фотографии (ФОТО)

Кора Шумахер заработува огромни пари, но на нејзиниот син не му се допаѓа како го прави тоа!

Поранешната сопруга на познатиот Формула 1 возач Ралф Шумахер, Кора (46) пред неколку месеци објави дека отвора профил на веб-страницата за возрасни и дека сите оние кои сакаат да ја видат во провокативните публикации ќе може да го сторат тоа откако ќе платат месечна претплата.

Тој потег направи хаос во семејството, а Кора откри дека повеќе не е во контакт со синот Дејвид (22)! Момчето кое се занимава со мотоспорт решило уште еднаш да го прекине секој контакт со својата мајка, очигледно незадоволен од нејзиното однесување на Интернет. На Кора ова и беше тешко, но таа и понатаму е активна на социјалните мрежи – и на вообичаените и на оние специјализирани за возрасни.

-Јас и Дејвид не разговараме во моментов. Тој повторно ме блокираше насекаде. Ова е многу болно за мене. Тоа е мое дете и мислам дека секоја жена која е во таква ситуација може да ме разбере. Помина повеќе од година од кога последен пат го видов еднаш го видов и разговарав со него. Сеуште многу ме боли што момчето толку се оддалечи од мене после разводот.Не знаеш зошто“, рекла Кора и додала: „Посакувам да кажам колку сум горда на него и дека го сакам со целото мое срце. Тој е мојот син, моето единствено дете. Секогаш ќе бидам тука за него. Не е важно кога, тој секогаш може да ми се јави“.