Connect with us

Кошарка

Некогаш беше НБА ѕвезда, играше со Леброн, а сега питачи низ улиците, спортот нема секогаш убави приказни (ВИДЕО)

Некои спортисти дефинитивно не знаат како да се грижат за своите пари. Поранешната НБА ѕвезда е еден од најдобрите примери кои не треба да се следат во животот. Станува збор за Делонте Вест, поранешен соиграч на Леброн Џејмс, најдобриот кошаркар на денешницата. Вест беше снимен како моли за пари на улиците откако не успеа да и се врати на професионалната кошарка на настанот Big 3 во кој поранешните НБА ѕвезди се натпреваруваат во натпревар 3 на 3.

Откако не бил повикан, 38-годишникот бил забележан на улиците како ги моли минувачите за помош со мало парче картонска хартија.

Нешто слично направил и порано кога на станицата во Бенис го собрал шефот на Далас Маверикс, Марк Кубан и му пружил потребната помош, но брзо се вратил на лошите навики.

Некогаш големиот кошаркар со години има проблеми со дрогата и неговиот живот дефинитивно се претвори во една многу тажна приказна.

Вест пристигна во НБА во 2004 година. Тој беше избран како 24-ти пик од првата рунда на драфтот, а беше избран од Бостон Селтикс.

 

Реклама

Facebook