Тајмаут
Некогаш беше успешна спортистка, но повеќе се заработува на „Онлифанс“ (ФОТО)
Убавата Канаѓанка по име Микајла Демајтер не е непознато име во светот на спортот. Пред неа беше успешна кариера во хокејот, но реши да заработува од социјалните мрежи.
Микајла Демајтер (22) беше успешна голманка во канадскиот тим Блувотер Хокс, но во исто време градеше и кариера како модел. Со текот на времето видела дека одлично заработува на социјалните мрежи каде ја следат повеќе од 1.600.000 луѓе. Во просек, русокосата убавица заработува минимум 1.500.000 долари годишно промовирајќи различни брендови на социјалните мрежи. Канаѓанката отвори и страница на платформата „Onlyfans“, каде што наплаќа по 17 долари месечно за содржина.
Една од нејзините најпосетувани објави на социјалните мрежи беше онаа каде што ги имитира атрактивните спасители од познатата серија „Чувари на плажата“.
Да не беше тешката повреда пред три години, можеби Микајла и денес ќе беше на мразот . На овој начин и остана титулата најубава хокеарка во Канада.
Дипломирала на Универзитетот во Западен Онтарио. Двајца познати хокеари паднаа на нејзината убавина. Таа е родена и израсната во Канада и била позната по врската со хокеарот Ден Дејвис и познатата НХЛ ѕвезда Куртис Габриел. Микајла редовно го освежува својот профил на социјалните мрежи со атрактивни фотографии, на општо задоволство на нејзините следбеници.