Фудбал
Некогаш голема ѕвезда во Англија, заработи 20 милиони евра, а сега нема „скршена пара“
Не е ништо ново за спортистите да прогласат банкрот по завршувањето на кариерата, но некој да потроши богатство од 20 милиони евра навистина звучи неверојатно.
Меѓу играчите кои прогласија банкрот е и Дејвид Џејмс, некогаш голема ѕвезда на Премиершип и голман на репрезентацијата на Англија.
Кариерата на Џејмс траеше речиси три децении. Бранеше за Ливерпул, Манчестер Сити, Астон Вила, Вест Хем, Портсмут каде заработи најмногу, додека голот на Горди Албион беше во 53 наврати.
Џејмс прогласи банкрот во 2014 година, а на врвот на кариерата заработуваше 50.000 фунти неделно, а од фудбалот заработи околу 20 милиони фунти.
Кога прогласи банкрот, тој беше принуден да ги продаде сите свои вредни работи, вклучително и 150 дресови или негови или оние што ги добил во замена со други играчи.
Мораше да го продаде и својот автомобил, диџеј опрема и многу други работи за да најде излез од кризата која го зафати.
Се верува дека бил уценет со разводот од неговата поранешна сопруга Тања во 2005 година кога изгубил поголем дел од парите, по што почнал да позајмува.

Сигурно причината за банкрот е неговиот слободен дух бидејќи не знаел баш да се грижи за парите, но и за арогантниот начин на живот.
Ако купи нов автомобил и го изгребе некаде, тој само би отишол да купи нов автомобил, така што во гаражата имало пет автомобили“, рече неговиот поранешен соиграч Стен Колимор.
„Да купи нови патики и да ги извалка, нема да ги исчисти.
„Заработуваше премногу пари.
Неговиот луксузен живот заврши во 2014 година, кога ја заврши кариерата, а тогаш британските медиуми пишуваа дека банкротот го сфатил лесно, како и повеќето работи во животот.
Последниве години најмногу се појавуваше во разни ТВ емисии од забавен карактер, а учествуваше и во британската верзија на шоуто „Танц со ѕвездите“.