Connect with us

Други спортови

Некогаш имаа стотици милиони долари, а останаа „голтари“

Банкротираниот Борис Бекер кој објави аукција на која продава лични работи и трофеи кои ги освојувал како тенисер, е само еден од спортистите кои иако заработиле над 100 милиони долари, останале со празни раце.

Милиони долари на сметката ќе ви бидат џабе ако не знаете што да правите со нив. Доказ е случајот со Бекер, на некои им пропаднаа бизнисите, а има и такви како боксерот Мајк Тајсон и кошаркарот Ален Ајверсон кои парите ги трошеа на автомобили, тигри, куќи, пијалоци, жени.

„Крал на банкротот“ е Тајсон, кој некогаш имаше заработено дури 350 милиони долари. Бекер имаше 100 милиони, но со години се обидува да се извлече од долговите и надежта ја бара во продажба на трофеите и спортска опрема, за кои се проценува дека вредат околу 200.000 фунти. На листата на „мајстори за трошење на пари“ кои останаа без богатството, се и Џорџ Бест, Ивандер Холифилд, Ентоан Вокер, итн.

.

Извор: Sportmanija.mk