Фудбал
Некогаш не оди како што сонувате: Играше во Реал Мадрид со Роналдо, Зидан, Бекам и Фиго, важеше за голем талент, а сега продава пури да заработи за семејството
Поранешниот играч на Реал Мадрид, Оскар Минамбрес не можеше да си обезбеди егзистенција пред да му заврши кариерата, па сега мора да најде начини да го прехрани семејството.
Тој откри дека продава тутун за да преживее и дека не ја сака работата што ја работи, но дека е принуден да го прехранува семејството.

„Морам сам да се грижам за семејството, тоа е најважно. Никогаш не сум бил пушач, не ми се допаѓа работата што ја работам, но како и да е, сега тоа го правам“, рече Минамбрес и додаде:
„Ова не е исполнување на мојот сон, но фудбалот не е се во животот. Жалам што кариерата ми заврши прерано бидејќи имав чувство дека можев да играм долго време“.
Сега 43-годишниот фудбалер беше голема надеж на Реал, кој дојде низ младинската академија на „Кралевите3 и играше во ерата на „Галактикоси“ со Роналдо, Зинедин Зидан, Луис Фиго, Дејвид Бекам и Роберто Карлос. Потпиша петгодишен договор со Реал, но не успеа да оствари значајна кариера, иако со кралскиот клуб освои три трофеи, шпанското првенство, Лигата на шампионите и Интерконтиненталниот куп. За Реал Мадрид има 18 настапи.