Connect with us

Фудбал

Некогаш славна ѕвезда во Италија, сега зад решетки – Рекетирање, мафија, изнуда

Пред 15-тина години беше на врвот на кариерата, смени голем број великани на Апенините, па дури играше и за репрезентацијата, а сега му се заканува затворска казна.

Повеќето фанови во Серија А се добро запознаени со квалитетите на малиот и брзоногиот Фабрицио Миколи, кој имаше одлична десна нога и беше навистина одличен напаѓач.

Миколи во вторникот беше осуден на три години и шест месеци затвор. Пресудата ја потврди судот во Касазионе, трет степен на италијанското правосудство.

Според пресудата на судијата, Миколи насилно изнудувал пари со помош на Мауро Лауричела, мафијаш и мафијашки бос во Палермо кој е осуден на седум години затвор.

Газета дело Спорт пишува дека неговото „затворање“ е неизбежно, без оглед на најавата за жалба.

Целата приказна започна пред речиси десет години кога Миколи под насилство и закани се обиде да земе 12.000 евра. За да изнуди пари од Андре Графањини, сопственик на ноќен клуб, тој наводно користел мафијашки методи.

На снимката се гледа како Миколи исто така го навредува Џовани Фалконе, судија кој беше убиен од италијанската мафија во 1992 година.

Миколи се извини за своите постапки, тврдејќи дека воопшто не знаел дека неговиот пријател Лауричела е мафијаш, но таа приказна не поминала кај судиите.

Најголем белег остави во Палермо каде настапуваше од 2007 до 2013 година. Беше член на Јувентус, играше и за Фиорентина, а одреден период и за Бенфика. Тој се збогуваше од фудбалот пред шест години. Последен клуб во неговата кариера беше Биркиркара во Малта.

Реклама

Facebook

Реклама