Connect with us

Тајмаут

Некогаш важеше за најубава во светот, манекенка, сега доби работа во ФИФА

Некогаш најубавата девојка во светот, сега стана прва амбасадорка на ФИФА задолжена за односите со навивачите! Бразилската убавица Адријана Лима, поранешната сопруга на познатиот кошаркар Марко Јариќ, доби нова улога. Оваа е сосема поинаква од оние во кои сме навикнати да ја гледаме бидејќи поранешната манекенка сега почесто ќе биде на фудбалските стадиони!

Поради нејзината неизмерна љубов кон фудбалот – што е карактеристично за Бразилците – Адријана стана првата амбасадорка на ФИФА која ќе се обиде да привлече навивачи од различни делови на светот на најважниот спореден настан во светот. Засега не е познато какви се сите проекти планирани од Џани Инфантино, но нема сомнеж дека олеснителна околност на патот ќе биде атрактивниот физички изглед на една од најуспешните манекенки на сите времиња. Погледнете како изгледа Адријана: