Connect with us

Фудбал

Некогаш во Јуве, сега во Интер „Атомска мравка“ се враќа во Европа

Има 33 години и веројатно се уште не го кажал завршниот збор на теренот. Себастијан Џовинко би можел да биде летно засилување за Интер, кој е во потрага по напаѓи за ротација.

Ниту податокот што играл за Јувентус во минатото веројатно нема да биде пречка тој по 5 години да се врати во Европа, но овој пат во Милано.

Џовинко во моментов игра во Сауидиска Арабија, а претходно играше во Канада за Монтреал.

Бепе Марота и Антонио Конте беа дел од Јувентус на истите позиции кога Џовинко беше еден од подобрите во таборот на „Старата дама“.