Connect with us

Фудбал

Некои Бразилци во Украина веќе се во својата татковина

Група бразилски фудбалери и нивни роднини, кои ја напуштија Украина поради инвазијата на воените сили на Руската Федерација, успешно се вратија во својата татковина, јави ДПА, цитирајќи локални медиуми.

Ренан Оливеира и Маикон од Шахтјор Доњецк слетаа на аеродромите во Рио де Жанеиро и Сао Паоло, како дел од големата група Бразилци кои играат во Украина. Според порталот Г1, во земјата опколена од Русија имало речиси 30 нивни сонародници, кои имаат договори со локални елитни клубови.

„Беше најстресно кога го напуштивме хотелот на звукот на сирените и митралезите. Не знаевме дали ќе стигнеме до станицата“, изјави за G1 физиотерапевтот Лучијано Роса.

Групата Бразилци во саботата со воз тргна од Киев за Романија, а патувањето траеше 36 часа. Роберто Де Зерби, тренерот на Шахтјор, во понеделникот се врати во родната Италија.