Connect with us

Фудбал

Некој мораше да ја плати сметката за поразот од Реал Мадрид, а ПСЖ го избра Нејмар!?

Поразот од Реал Мадрид и елиминацијата во Лигата на шампионите во осминафиналето ќе ги поттикне сопствениците на ШПСЖ на драстични потези, а новинарот Ромен Молина пренесува дека клубот донел одлука да се ослободи од Нејмар на лето. ПСЖ, да потсетиме, имаше 2:0 во вкупниот резултат по еден час игра на реваншот во Мадрид, а потоа Карим Бензема постигна хет-трик и со тоа ги уништи соништата на „своите“ Французи.

Богатите катарски сопственици испумпаа 1,5 милијарди евра откако пристигнаа во Париз, носејќи ги најголемите ѕвезди и најдобрите фудбалери во светот за да ја освојат Лигата на шампионите, но ефектот е ист со години.

Независниот новинар Роман Молина вообичаено навлегува длабоко во проблемите на парискиот клуб и го исфрла на површина она што би можело да се премолчи, а овој пат најави дека сопствениците се незадоволни од Нејмар и сакаат да го продадат на крајот од сезоната.

Тој не ги оправда очекувањата иако веќе пет години е жител на Париз. ПСЖ е подготвен да го продаде под пазарната вредност, иако е апсолутен рекордер бидејќи во 2017 година е платен дури 222 милиони евра.

Каде би можел да се обиде Нејмар? Можеби во САД.

„Би сакал да играм таму барем една сезона. Нивните првенства се кратки, па би имал три или четири месеци одмор“, вели Бразилецот, кој сака забави и живот кој понекогаш не му доликува на професионален фудбалер.

Неговиот договор со актуелниот лидер во француската лига е со важност до крајот на јуни 2025 година. Досега за ПСЖ има постигнато 91 гол со 57 асистенции на 135 натпревари, а сега се чини дека е на излезната врата од славниот клуб …