Connect with us

Кошарка

Нема да има навивање вечерва на мечот Партизан-Реал Мадрид, се огласија и „Гробари“

Кошаркарите на Партизан вечерва ќе имаат можност да обезбедат пат на Ф4 Евролигата, а натпреварот во белградска Арена против Реал Мадрид ќе се одигра во сенка на крвавиот настан кој во среда наутро се случи во Белград.

Ученикот К.К.(14) пукал од пиштолот на неговиот татко во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар, при што уби девет, а повредил уште седуммина. Поради големата трагедија што се случи, навивачите на Партизан нема да навиваат во првите две четвртини! Откако клубот ги повика приврзаниците на црно-белото да им оддадат почит на жртвите со палење свеќи и цвеќиња пред Арената или на Калемегдан, каде што натпреварот ќе се следи преку видео бим, пристигна соопштение од навивачката група. Согласно клупската одлука мечот да се игра без музика и придружна програма, организираните навивачи на Партизан истакнуваат дека нема да има навивање на почетокот на натпреварот.