Фудбал
Саутгејт: Нема да лажам, многу сум разочаран
Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, го соопшти списокот со играчи кои ќе бидат дел од престојниот Мундијал во Русија.
Го имаме потребниот баланс, потребното искуство и карактер. Процесот на селекција траеше со месеци, а не само неколку недели, и тоа последните од актуелната сезона, изјави Саутгејт.
На списокот со патници не може да се прочита името на првиот голман на Вест Хем, Џо Харт. Голот на “Гордиот Албион” во Русија ќе го чуваат Џордан Пикфорт (Евертон), Џек Бутланд (Стоук) и Ник Поуп (Барнли).
Харт реши на својот Инстаграм профил јавно да се пожали од конечната одлука на селекторот Герет Саутгејт.
Нема да лажам, многу сум разочаран. После моите обиди кои траеа две години, во кои се обидував да се извлечам од една тешка ситуација, тешко е да се прифати ваквата одлука на селекторот. Горд сум на секоја минута која сум ја одиграл се со цел да и помогнам на репрезентацијата да обезбеди пласман на Светското првенство. Знам добро што и имам дадено на репрезентацијата, но таква е ситуацијата. И посакувам само среќа на Англија во Русија. Иако нема да бидам покрај нив, играчите знаат дека како навивач ќе го носам националниот дрес и дека ќе ги бодрам. Нема место з