Connect with us

Фудбал

Нема крај на проблемите на Миралем Пјаниќ во Барселона

Миралем Пјаниќ го пропушти синоќешниот натпревар помеѓу Севилја и Барселона во полуфиналето од Купот на кралот.

Пјаниќ не беше во конкуренција за мечот во Севилја поради повреда на левото стапало, кој каталонскиот клуб на крајот го загуби со 2:0.

Фудбалерите на Барселона веќе го одработија тренингот утрово, а шпанските медиуми пишуваат дека Пјаниќ денес го пропуштил тренингот по групи бидејќи се уште има проблеми со повреда.

Според најавите кои доаѓаат од Шпанија, Пјаниќ ќе го пропушти и натпреварот за викендот против Депортиво Алавес, па прашање е дали тој ќе биде подготвен за осминафиналето во Лигата на шампионите и пресметката против ПСЖ.

Од друга страна, Сергино Дест и Мартин Брајтвајт тренираа нормално со остатокот од тимот на каталонскиот клуб.