Connect with us

Други спортови

Нема ништо потешко од тоа да се победи Ѓоковиќ

Светскиот тениски рекет број два Шпанецот Рафаел Надал, полека се подготвува за новата сезона во која, како што и самиот признава најголем противник ќе му биде Србинот Новак Ѓоковиќ.

Новак во октомври годинава од првото место на АТП листата го симна, Надал, кој го пропушти последниот дел од сезоната заради повреда, но сега се е во најдобар ред. Шпанецот е подготвен наскро да заигра на егзибициониот турнир во Абу Даби, „Мубадала тениски шампионат”, каде ќе игра и Новак Ѓоковиќ.

-Новак уште еднаш докажа колку може да биде тежок противник. Успеа да се врати на врвот и морам да кажам дека е тешко да се игра, а камоли да се победи кога се игра против него. Нашите натпревари секогаш се полни со интензитет, тој е тенисер кој одлично го покрива теренот и аглите. Дефинитивно, еден од најголемите ривали кои ги мав до сега, изјави Надал.

Тенисерот од Мајорка ја анализираше и изминатата сезона за која кажа дека била многу успешна, бидејќи во неа се закитил со 11. титула на Ролан Гарос, односно 17. во професионалната кариера.

Ролан Гарос е најважниот турнир во мојата кариера. Тоа што успеав по 11 пат да славам таму многу ми значи. Сакам да играм во Париз и отсекогаш имав чувство дека играњето на тој турнир е нешто посебно за мене. Се надевам дека здравјето повеќе ќе ме послужи наредната година и ќе можам да бидам присутен на повеќе турнири, заврши Надал.