Тајмаут
„Нема ништо спорно за смртта на Грант“
Има бројни медиуми кои се обидоа да ја „дотераат“ трагичната смрт на американскиот новинар Грант Вол на натпреварот помеѓу Аргентина и Холандија во некаква мистерија и теорија на заговор, но неговата сопруга наведува дека нема ништо спорно во неговата ненадејна смрт.
Грант Вол починал за време на натпреварот, а обдукцијата покажала дека причина за смртта е пукната срцева аневризма.
„Обдукцијата ја изврши во Њујорк овластен патолог. Грант почина од бавно развиена пукната срцева аневризма. Притисокот во градите што го почувствува неколку минути пред смртта можеше да биде првичен симптом“, напиша сопругата на Вол на неговата веб-страница.
„Ниту една количина на CPR или шокови не можеше да го спаси. Неговата смрт нема никаква врска со вирусот Ковид или статусот на вакцинација. Нема ништо спорно во неговата смрт“, додаде таа.
Имаше многу медиуми кои заедно со веста за смртта на познат новинар пишуваа и информации дали е вакциниран против КОВИД и дали е хоспитализиран поради КОВИД, а имаше и такви што отидоа чекор. понатаму – па особено го истакнаа фактот дека во повеќе наврати на натпреварите од кои известувал носел маици со бои на виножито во знак на поддршка за ЛГБТ популацијата.