Фудбал
Нема санкција! Барса, Јуве и Реал ќе играат во ЛШ
Нема место за грижа кај Барса, Јуве и Реал. УЕФА им испрати покани на овие екипи со кои му го потврди учеството во Лигата на шампионите наредната сезона.
Трите екипи беа едни од најгласните за формирање на Европска Суперлига.
Флорентино Перез во неколку наврати повторуваше дека УЕФА нема никаков аргумент за санкција, камоли суспензија, а откако прво беше утврдено дека УЕФА нема да може судски да ги гони „бунтовниците од Суперлигата“, сега стигна потврдата дека нема да може да биде изречено ниту бркање од натпреварувањата под капата на европската куќа на фудбалот.
Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, најави жестоки санкции за предводниците на движењето наречено Суперлига. Засега судовите стојат на страна на клубовите кои со помош на американска инвестиција се обидуваа да направат ново натпреварување.