Connect with us

Фудбал

„Нема шанси фудбалот да продолжи за три до четири месеци“

Еден од оние што мислат дека фудбалот сигурно нема да продолжи во наредните неколку месеци е поранешниот репрезентативец на Англија, Гери Невил.

Вирусот „COVID 19“ запре сè во светот на спортот, вклучително и фудбалот. Премиер лигата беше прекината пред околу 10, а ФА ја одложи барем крајот на април. Сепак, Невил смета дека топката на зелените тревници нема да се тркала за три, па дури и четири месеци.

„Мислам дека е незамисливо во овој момент фудбалот да се врати во следните три до четири месеци, поради фактот дека штотуку сме ставени во затвор“, изјави Невил за „Си-Ен-Ен“, додавајќи:

„Фудбалот нема да се врати затоа што сите средства што се потребно за управување со фудбалскиот стадион, а тука се потребни полицијата и брзата помош, нема да биде достапни во наредните неколку месеци“.

„Очигледно, ќе биде во болниците и старечки домови и на луѓето на кои им се најпотребни“.

Сценариото какво што предвидува Невил влева страв кај сите фудбалски навивачи, но за жал ова се чини дека станува се пореален исход.

Пред прекинот во Премиер лигата, Ливерпул беше лидер со над 20 поени над Манчестер Сити, но според некои извештаи, сезоната може да биде поништена.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com