Connect with us

Фудбал

Немања Матиќ бесен, го напушта клубот бидејќи не му помогнале да ги запише децата во посакуваното училиште

Српскиот фудбалер Немања Матиќ ќе ги напушти редовите на францускиот Рен, а главната причина е што е лут на клубот, бидејќи не го испочитувале договорот за упис на неговите деца во меѓународно училиште во Франција. Иако во Рен пристигна пред само половина година, српскиот играч за врска не е задоволен бидејќи не ја доби ветената помош, а се чини дека ги договорил сите детали од соработката со Лион.

Немања Матиќ не се појави на тренинг во вторник наутро и веројатноста тој повторно да се појави во Рен е близу нула. Српскиот играч за врска, големиот хит на клубот во летниот преоден рок, одлучи да не продолжи во црвено-црните . Наводно, тој веќе го испразнил шкафчето во тренинг центарот и е многу вознемирен затоа што не бил испочитуван планот за образованието на неговите деца… декември)“, пишува L’equipe.