Фудбал
Неморална понуда за Пулишиќ
И покрај јасниот став на раководните лица на Борусија од Дортмунд, дека играчот не е за продажба, челниците на вечниот ривал, Баерн (М) ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на американскиот интернационалец Кристијан Пулишиќ.

Пред неколку дена спортскиот директор на “милионерите”, Михаел Цорк, изјави дека играчот за врска не е за продажба, но германските медиуми открија дека баварскиот гигант има веќе подготвено официјална понуда за Пулишиќ вредна 60 мил. евра. Доколку се пресели во Минхен, Американецот ќе има дупло поголема плата од таа која ја заработува во Дортмунд.