Connect with us

Фудбал

Неочекувано будење, фудбалерите на Барселона во 4 часот наутро дознаа каков „пекол“ ги чека во Истанбул (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона вчера пристигнаа во Истанбул каде вечерва во 18:45 ќе го одиграат реванш натпреварот од осминафиналето на Европската лига против Галатасарај. Галатасарај во првиот натпревар ги изненади сите бидејќи успеа да ја зачува својата мрежа на Камп Ноу, а навивачите на турскиот клуб вечерва сигурно ќе направат спектакуларна атмосфера на својот стадион.

Со денови се пишуваше дека играчите на Барселона ги очекува пекол на стадионот Галата, а дека тоа ќе им биде и на играчите на каталонскиот клуб веќе покажаа навивачите на турскиот клуб.

Имено, експедицијата на Барселона се наоѓа во луксузниот хотел Риц-Карлтон, кој се наоѓа веднаш до стадионот на Бешикташ.

Сепак, во раните утрински часови тие имаа неочекувано будење поради навивачите на Галатасарај. Тие утринава во 3 часот и 45 минути направија огномет и поворка со факели пред стадионот, разбудувајќи ги сите кои во тој момент биле во хотелот.

Навивачите на Галатасарај покажаа дека вечерва на стадионот ќе има пеколна атмосфера, а ова беше само вовед во тоа што ги очекува фудбалерите на Барселона.