Connect with us

Тајмаут

Непознат маж ја бакна Ванда во гради, нејзината реакција навистина ќе го налути Икарди

Ванда Нара е повторно во центарот на вниманието оваа недела, откако беше објавено дека таа и Мауро Икарди повторно се скарани.

Бракот на Ванда и Мауро очигледно не оди во најдобар правец, а се започна минатата година кога таа го обвини дека ја изневерува.

Неколку пати се расправаа и се помируваа, а пред неколку недели се појавија информации дека повторно не се заедно и дека имале жестока расправија веднаш откако Икарди се пресели од ПСЖ во Галатасарај.

Ванда поголемиот дел од времето го поминува со своите деца во Милано и тие ретко престојуваат во Истанбул, но очигледно е дека не и пречи.

Таа ужива во животот во Милано, а во последно време често ја гледаме во разни ноќни клубови, каде оди без сопругот. Ванда излегува со другарките, а често ја напушта куќата видно алкохолизирана.

Сепак, она што повеќе ги изненади сите е видеото кое деновиве се појави на социјалните мрежи, а Ванда е во центарот на вниманието.

Имено, се појави видео на кое се гледа како Ванда се забавува со својата сестра во ноќен клуб на Ибица каде моментално се на одмор, а тие очигледно уживаат во друштво на непознати мажи.

Но, она што особено ги изненади сите е деталот во видеото кое беше објавено, бидејќи се гледа дека еден од мажите и ги бакнува градите на Ванда, а таа после тоа само се насмеа и за малку не реагираше.

Јасно е дека тоа ќе и создаде нови проблеми во бракот и сигурно е дека Икарди нема само да го игнорира.

Инаку, Ванда и нејзината сестра Заира пред неколку дена заминаа на одмор на Ибица каде очигледно добро се забавуваат.