Connect with us

Кошарка

Нереална партија на Лука Дончиќ, па овој човек не е од оваа планета (ВИДЕО)

Далас Маверикс во ноќта зад нас на крилјата на големиот Лука Дончиќ ги победи Детроит Пистонс со 111:105. Далас се мачеше со еден од полошите тимови на Истокот, па Дончиќ мораше да „полуди“ за да победат Мавси.

Натпреварот го заврши со дури 53 поени со 70,8% шут од поле (17 од 24) и имаше 8 скока и 5 асистенции.

Спенсер Динвиди, кој постигна 10 од своите 12 поени во четвртата четвртина, беше важен шраф во победата на Далас, па од голема помош му беше на Лука Дончиќ.

Тоа беше негов петти натпревар со 50 поени плус во кариерата, четврти оваа сезона и втор најдобар учинок во историјата на Далас Маверикс по 53 поени на Новицки на 2 декември 2004 година против Хјустон и рекордните 60 поени на Дончиќ против Њујорк Никс.

За Детроит 29 поени постигна Бојан Богдановиќ, 18 Садик Беј, 14 Џејден Ајви и 9 Дурен и Ливерс.

НБА, резултати:

Филаделфија – Орландо 109:119

Бруклин – Лос Анџелес Лејкерс 121:104

Минесота – Сакраменто 111:118

Оклахома – Голден Стејт 120:128

Сан Антонио – Вашингтон 106:127

Далас – Детроит 111:105

Феникс – Торонто 114:106

Портланд – Атланта 129:125


Standings provided by Sofascore