Connect with us

Фудбал

Нервозниот Нејмар му подаде рака на четвртиот судија и му дофрли нешто, но таков одговор не очекуваше

ПСЖ синоќа ремизираше на гостувањето кај Бенфика (1:1) во натпреварот од третото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Парижаните ја одиграа улогата на фаворити против Бенфика во Лисабон, но португалскиот клуб уште еднаш покажа дека игра во одлична форма оваа сезона и успеа да остане непоразен против ПСЖ.

Гостите од Париз успеаја да поведат со 1:0 во средината на првото полувреме кога Лионел Меси постигна фантастичен гол, но Бенфика израмни на 1:1 во 41. минута со автоголот на Данило, што беше конечниот резултат од натпреварот.

Во вториот дел имаше неколку одлични шанси од двете страни, но на крајот мрежите мируваа и се чини дека најправедно беше тимовите да ги подели бодовите.

Сепак, на крајот од натпреварот се појавија искри меѓу играчите на двата тима, а шпанскиот судија Хесус Манзано имаше полни раце работа.

Во судиското надополнување му покажа жолт картон на Фабијан Руиз по прекршок, но и на Нејмар поради приговори, иако на Бразилецот нималку не му беше јасно зошто е запишан во бележникот на крајот.

Нејмар тврдеше дека немало фаул, но Манзано неочекувано му покажа жолт картон, со кој Бразилецот не можеше да се помири ниту кога заврши натпреварот.

Имено, камерите снимија интересна ситуација кога Нејмар се степал со четвртиот судија на кого исто така имаше што да му каже, иако на почетокот не изгледаше дека ќе се замеша.

Нејмар му ја подаде раката на судијата и тие се ракуваа, но потоа тој дофрли нешто кон него, поради што четвртиот судија не му ја испушти така лесно раката на Нејмар.

Ова го налути Бразилецот, што јасно се гледаше на видеото, а потоа си размениле неколку зборови, по што четвртиот судија му покажал на Нејмар дека најпаметно му е да оди во соблекувалната.

ПСЖ и Бенфика се среќаваат веќе следниот вторник кога ќе го одиграат натпреварот од 4. коло од Лигата на шампионите, но овој пат на Паркот на Принцовите.