Connect with us

Други спортови

Несекојдневна трка-На стартната линија се појавија тенисер, фудбалер, скијач и хокеар – еве кој победи (ВИДЕО)

Светското првенство во атлетика, кое во моментов се одржува во Будимпешта, ги потсети навивачите на „кралицата на спортовите“ на извонредната трка во 1982 година – во која најдобриот хокеар на светот беше побрз од тенисере, фудбалер и скијач.

Имено, пред 41 година во Шведска се одржа натпревар на спортски суперѕвезди – но не од атлетика. Еден од најголемите канадски спортисти на сите времиња, Вејн Грецки, славеше во трката на 60 метри. Познатиот хокеар дадената делница ја истрча за 7,24 секунди, оставајќи ги зад себе легендарниот тенисер Бјорн Борг, скијачот Ингемар Стенмарк и фудбалерот Кевин Киган.

Пред тоа беше побрз од Борг во полуфиналето, но и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Пеле и боксерот Шугар Реј Ленард.