Фудбал
Несторовски: Судбината сакаше да не играм на ЕП, следно нека ми дојде СП!
Несторовски се повреди пред еден месец и поради тоа нема да може да настапи на турнирот, па ќе мора да им даде поддршка на неговите соиграчи пред малиот екран, а во интервју за „Бејстеџ“ кажа дека е разочаран.
Несторовски го задеси малер да се повреди пред наиот настап на континенталниот шампионат, но тој е постојано во контакт со своите соиграчи, иако не е дел од тренинг-кампот, но иако од далечина, како да е дел од оваа подготовка за дебито во Букурешт и Амстердам.
„Големо е разочарувањето што нема да играм на Европското првенство. Но, таква е судбината! Требало да не играм на Евро. Пет-шест години сум дел од репрезентацијата, од 166-то место ја вративме Македонија каде што доликува, испишавме историја и конечно се пласиравме на ЕП, а ми се случи таа повреда. Се надевам дека момците ќе нѐ израдуваат сите и ќе постигнат одлични резултати на Европско, па за Светско ќе бидам подготвен“, вели Несторовски за „Бекстејџ“.
Несторовски поради повреда на коленото која ја заработи на тренинг во Удинезе, мораше да оди на операција по што следува долга рехабилитација. За жал тој нема да биде дел од историското учество на Македонија на ЕП, но им дава поддршка на своите соиграчи.