Connect with us

Фудбал

Несторовски: Жал ми е што не добив повик, но животот оди понатаму

„Жал ми е, но животот оди понатаму. Се надевав дека ќе бидам во списокот за овој натпревар, дека ќе се вратам во градот каде што играв. Минав три години во Палермо и сакав да играм, ова е меч на животот, ама не добив повик.

Се надевам дека Македонија ќе слави на крај, моите колеги се многу концентрирани, ја знаат добро Италија, ги знаат фудбалерите, знаат кои им се карактеристиките“, рече Несторовски.