Поврзи се со нас

Фудбал

Неверојатна сцена на „Енфилд“: Милиметри го спречија Фирмино да постигне гол (ВИДЕО)

Ливерпул вечерва го победи Лестер со 3:0 на домашен терен во натпреварот од 9-тото коло на Премиер лигата.

„Црвените“ успеаја да дојдат до сигурна победа со која стигнаа до второто место, а имаат и 20 бода како и лидерот Тотенхем.

Еден гол на овој натпревар постигна Роберто Фирмино во 86-та минута, но пред тоа видовме навистина нереална ситуација.

Имено, во 77-та минута сите веруваа дека Фирмино постигна гол и дека топката ја мина границата, но судијата не одговори.

Бавното движење покажа дека практично неколку милиметри го делеа Бразилецот од голот и дека е неверојатно дека топката не ја мина линијата во целиот нејзин обем.

loading...

Facebook