Фудбал
Неверојатни сцени од Турција, судија покажа жолт картон на лекарот на тимот (ВИДЕО)
Анкарагучу и Анкара вчера си ги одмерија силите, а на натпреварот се повреди домашниот играч Мурат Учар.
Неговиот тим водеше со 2:1, Учар побара лекарска помош, па клупскиот лекар самоиницијативно влезе на теренот.
Тоа било надвор од прописите, бидејќи може да влезе само кога судијата ќе му даде знак.
Судијата Емре Каргин почна расправија со лекарот кој бил многу лут, а Учар останал да лежи.
Каргин му покажа жолтиот картон на докторот и насмеа многумина.
Учар навистина беше повреден и мораше брзо да го напушти теренот.