Кошарка
Неверојатните Шпанци го замолкнаа Берлин и отидоа во финалето на Евробаскетот!
Шпанската кошаркарска репрезентација се пласираше во финалето на Европското првенство откако вечерва во Берлин во полуфиналниот натпревар ја совлада Германија со резултат 96:91.
Овие две селекции прикажаа одлична кошарка, а на крајот шпанската репрезентација беше подобра и оди во финалето каде за противник ќе ја има Франција.
Првиот дел носи ефикасна игра. Резултатот забележа замав, а Шпанија по 10 минути игра имаше три поени предност, 27:24.
Шпанецот на одличен начин го отвори вториот период. Предноста во неколку наврати одеше и на плус девет, но потоа дојде големата серија на домашните.
Денис Шродер ја предводеше Германија до серија од 14-0. Германија поведува и на пауза оди со пет поени предност, 51:46.
Водството на Германија исто така се зголеми на плус девет во текот на третата четвртина. Сепак, Шпанија возврати на ист начин и со серија од 10:0 повторно поведе (56:55).
Сепак, до крајот на третиот период, на Шродер му се придружи Вагнер со неколку одлични потези во нападот, Германија за првпат отиде на плус 10, а во последниот дел влезе со шест поени предност, 71:65.
Garuba had enough of it 😤 ⛔#EuroBasket x #BringTheNoise
📺 https://t.co/XA74VljBO4 pic.twitter.com/zajKk5WyEI
— #EuroBasket 2022 (@EuroBasket) September 16, 2022
Со одлична серија од 11:0, со одличната игра на Гаруба во тие моменти, кој делеше асистенции во плејмејкерски стил, поведе и доаѓа на плус шест (83:77).
Во тие моменти Германците имаа неколку неразумни удари за три кои не беа ни блиску, но за нивна среќа Шпанија не ги искористи нападите за дополнително да ја зголеми предноста.
Финишот носи подобра игра од Шпанија. Германија речиси ништо не погоди во клучните моменти, доцна се разбуди со две тројки кои некако ја задржаа во игра и Шпанија на крајот славеше голема победа.
До победата на Шпанците ги предводеше неверојатниот Лоренцо Браун со 29 поени, додека кај Германија најефикасен беше Денис Шродер со 30 поени.
Германија за бронзата ќе се бори со Полска, додека Шпанија во недела ќе го игра финалниот меч со Франција.