Фудбал
Неверојатно е она на што Барселона е спремна само да го донесе Лаутарo
Лаутаро Мартинез е голема желба на Барселона во летниот преоден рок.
Раководството на каталонскиот клуб прави се што е можно за да го донесе 22-годишниот напаѓач на Интер во своите редови, при што „Кориере дело Спорт“ тврди дека се подготвени да понудат дури пет фудбалери од Барса за Аргентинецот.
Така, тим од „Ноу Камп“ би можел да им ги понуди Артур Видал, Нелсено Семед, Артур, Карлес Ален и Жан-Клер Тодибо, сите за да го доведат Мартинез во своите редови.
Сепак, Интер засега не е премногу заинтересиран за размената. Ако го продадат Мартиез, тие ќе го продадат исклучиво за пари и без дополнителни замени.
Барселона во Мартинез ја гледа идеалната замена за искусниот уругвајски напаѓач Луис Суарез, кој веќе е во неговите доцни години, а има се повеќе и повеќе повреди кои го мачат.
Лаутаро е навистина одличен во дресот на Интер оваа сезона и има постигнато 16 гола на сите натпреварувања.