Фудбал
Неверојатно, Меси асистира, Нејмар постигнува гол, наместо аплаузи, добија свирежи од нивните навивачи (ВИДЕО)
ПСЖ со 3:0 го доби мечот со Бордо стрелци беа Мбапе, Нејмар и Парадес. Нејмар го постигна голот за 2:0, акцијата ја почна Меси, со Хакими, а овој го проигра Бразилецот кој лесно постигна гол. Сепак, наместо овации и аплаузи од домашните навивачи, добија големи свирежи.
Сето ова е поради срамот против Реал Мадрид и елиминацијата во ЛШ. Иако имаа 1:0 од првиот меч и водство 1:0 на реваншот, сепак на крајот загубија од „Кралевите“ со 3:1, три гола на Бензема, и беа елиминирани. Бројни критики на адреса на Нејмар и Меси за овој меч, како и за некои други, дека наместо да играат, тие се шетаат по теренот.