Connect with us

Фудбал

Невиден хаос во Берлин, повредени 155 полицајци (ВИДЕО)

Најмалку 155 полицајци се повредени во навивачките нереди во натпреварот меѓу Динамо Берлин и Енерџи Котбус во четвртата германска фудбалска лига.

Четириесет и тројца од повредените се локални полициски службеници, а 73-ца се федерални, како последица на вдишување на солзавец што го испалила полицијата, 28 федерални полицајци се физички повредени, а 11 се здобиле со повреди од пиротехнички средства.


„Билд“ објави дека 74-ца навивачи се уапсени, а против 62-ца од нив се поднесени кривични пријави поради, меѓудругото, „нарушување на мирот, физички напади врз органите на редот и давање отпор при апсење“.

Натпреварот беше прекинат во 20-та минута, поради тепачка на трибините, откако навивачите на Динамо запалиле шалови и знамиња на ривалската група.