Други спортови
Невиден хаос во УФЦ: Масовната пресметка на борците го шокираше светот
Невиден хаос се случи во Лас Вегас пред прес-конференцијата која требаше да се одржи пред настанот УФЦ 279.
Зад бината каде што требаше да се појават борците се случи масовна пресметка. Сето тоа го започнаа Хамзат Чимаев и Кевин Холанд и ситуацијата излезе од контрола.
Набрзо во пресметката се вклучија и избраниците на Нејт Дијаз кои во сабота се борат против Чимаев, па настана невиден хаос.
UFC press conference canceled before it started. Unclear at this time why. pic.twitter.com/O5QJFHBth4
— Ariel Helwani (@arielhelwani) September 8, 2022
Наскоро на сцената се појави шефот на УФЦ, Дејна Вајт. Тој најави дека прес-конференцијата е откажана.
„Им се извинувам на сите. Прес-конференцијата е откажана. Вакво нешто никогаш не се случило во историјата на компанијата“, рече Вајт и додаде:
„Го правам ова со години и никогаш не се случило. Ги спречивме, но не завршивме добро. Тоа беше комплетно сра*е“.
Четворицата беа вклучени во се, за среќа никој не е сериозно повреден.
Истакнатиот ММА новинар Ариел Хелвани има информации од прва рака за случувањата.
„Паднаа удари. Се гаѓаа со предмети, шишиња со вода“, напиша Хелвани.
More info coming in.
Khamzat Chimaev push kicked Holland in the chest. Chimaev was reacting to things Holland has said recently and it set him off, I’m told. Once that was broken up the Chimaev-Diaz part of the story popped off and then the bottles started flying. https://t.co/WGpbskiQz7
— Ariel Helwani (@arielhelwani) September 9, 2022
Љубителите на ММА нетрпеливо чекаат снимка од пресметката која се уште никој ја нема.