Connect with us

Други спортови

Невиден скандал во Рим: Ѓоковиќ го удриле со шише во главата, па се здобил со расекотина (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ вечерва на Мастерс турнирот во Рим во второто коло го совлада Французинот Корентин Муте, а по мечот на теренот дојде до вистински скандал.

Ѓоковиќ тргна кон навивачите кои му ги покажаа своите реквизити на кои сакаа автограм од најдобриот тенисер на светот, а потоа шише полета кон Србинот.

Шишето го удрило Ѓоковиќ право во главата, по што тенисерот паднал на земја.
Луѓето од организацијата притрчале да му помогнат, а Ѓоковиќ останал долго да лежи, што јасно покажува дека шишето било полно и доста тешко.

Според некои новинари од Рим, Ѓоковиќ има расекотина на главата и повредата ќе мора да ја санираат лекари.

Инаку, Ѓоковиќ лесно го совлада Моуте со 6:3 и 6:1 за 2:0 во сетови и се пласираше во осминафиналето на турнирот. Во оваа фаза ќе се соочи со Чилеанецот Табила.

Advertisement