Фудбал
Невидени сцени во Аргентина: Доела 11-месечно бебе среде игра
Невообичаени сцени ни доаѓаат од аргентинската женска кошаркарска лига, односно од натпреварот помеѓу екипите Томас и Велез.
Кошаркарката на Томас, Антонела Гонзалес, паузираше на сред натпревар за да го дои своето 11-месечно бебе. Гонзалес потврди дека сè е направено во договор со тренерот, а сликите од овој необичен настан го обиколија светот со голема брзина.
Нејзиниот тим славеше со резултат 61:44, а бебето Гонзалес беше убедливо прогласено за играч на натпреварот.