Connect with us

Фудбал

Незадоволната sвезда на Тотенхем ита кон соблекувалната, Жозе: Не очекувам ни да биде среќен

Тотенхем во четвртокот вечерта го победи белгиски Антверпен со 2-0 во Лигата на Европа.

Во фокусот е клупата на Спарс и заминувањето на некогаш најдобриот играч на овој тим, Деле Али, во соблекувалната.

Незадоволниот англиски репрезентативец замина во соблекувалната, бидејќи Жозе не го воведе во играта. Португалецот искористи пет замени, но немаше место за Али.

“Нема да бегаме од реалноста. Играч од клупата кој сфаќа дека се направени сите пет замени без тој да биде меѓу нив, не е среќен играч. И не очекувам дека ќе биде така”, рече Мурињо.

И покрај незадоволството на некои играчи, Спарси одат доста добро. Тие се пласираа во нокаут фазата во Лигата на Европа, а во Англија го делат првото место со Ливерпул.