Поврзи се со нас

Фудбал

Незапаметена сцена: Погледнете што му направи Самуел Ето на човекот кој за малку ќе го убиеше (ВИДЕО)

Самуел Ето пред неколку дена доживеа страотна несреќа, од која за среќа се спаси без сериозни повреди.

Според полицискиот извештај, легендарниот камерунски напаѓач изгубил контрола над својот автомобил откако бил удрен од камион во задниот дел на џипот.

Возачот на камионот се обидел да побегне од местото на несреќата. Сепак, тој набрзо бил уапсен од полицијата, а потоа на сцената настапи Ето.

Тој отишол во полициската станица да разговара со човекот што ја предизвикал несреќата. Му простил за тоа што скоро го убил и побарал возачот на камионот да биде ослободен.

Исто така, легендарниот фудбалер нема да поднесе никакви обвиненија против него, но полицијата може да го стори тоа и сигурно е дека тој нема да остане неказнет.

Сепак, она што го обиколува светот е слика на Ето кој разговара со човекот кој за малку ќе го убиеше и со тоа покажа дека е неверојатна личност.

loading...

Facebook