Фудбал
НФЛ ѕвездата Том Брејди се соочува со развод
Спортот создаде проблеми во бракот на Том Брејди и Жизел Бундхен, пишуваат светските медиуми. По 13 години брак, семејната идила помеѓу ѕвездата на американскиот фудбал и бразилскиот супермодел е пред крај.
Причината е караницата меѓу двајцата поради желбата на легендата на НФЛ да ја продолжи својата професионална кариера и покрај неговата неодамнешна објава дека се пензионира.
„Сфатив дека моето место се уште е на теренот, а не на трибините. Се вратив за мојата 23-та сезона во Тампа. Имам незавршена работа“, напиша Брејди во март.
Гласините за несогласување меѓу двајцата се засилија откако Брејди пропушти 11 дена од тренинзите на неговиот тим во август. На прашањето за неговото исчезнување, тој одговори: „Сето тоа е лично… секој има различни ситуации со кои се соочува. Сите ние имаме навистина уникатни предизвици во нашите животи. Имам 45 години, се случува многу“
Според американските медиуми, Брејди го напуштил семејниот дом и сега живее сам. Тој и Жизел се во брак од 2009 година, но нивната врска започна три години порано.