Тајмаут
Ни кошаркар, ни актер, туку возач на Формула 1, Шакира „ќарила“ осум години помлад, фатена во неговата гаража (ВИДЕО)
Откако минатата година Шакира ја раскина десетгодишната врска со Џерар Пике, медиумите на големо пишуваат за нејзиниот нов партнер. Се зборуваше за бројни познати личности, меѓу последните кои се појавија беа кошаркарот Џими Батлер и актерот Том Круз, но се чини дека сето тоа беше „фронт“ за Формула 1 возачот Луис Хамилтон!
Двајцата првпат беа видени пред еден месец пред Големата награда на Мајами кога медиумите ја поврзаа Шакира со Том Круз, што се покажа дека не е вистина. Во меѓувреме се шушкаше и за Џими Батлер од Мајами, но пејачката го следеше неговиот меч само заради синот кој го обожава, а минатиот викенд во Барселона повторно беше во гаражата на Мерцедес од каде навиваше за Хамилтон.
lmfao they knew what they were doing when they showed shakira AND THEN lewis 😭 pic.twitter.com/obUrInobZZ
— lexi. C² defender (@formxle) June 5, 2023