Connect with us

Фудбал

Нигез желба на “Итихат”

Cтандардниот првотимец во дресот на шпанскиот гигант Атлетико (М), Саул Нигез, е најновата желба на менаџерот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Трофејниот шпански стручњак е во потрага по нов играч за врска која треба да биде достојна замена за бразилскиот интернационалец, Фернандињо. Големата желба на Гвардиола може да стане реалност само доколку официјалната понуда за Нигез не биде помала од 100 мил. евра.