Connect with us

Други спортови

Ник Кириос откажа учество на УС Опен (видео)

Њујорк, 2 август 2020 (МИА) – Австралиецот Ник Кириос одби да учествува на УС Опен, кој започнува кон крајот на август.

Поранешниот бр.13 на ранг-листата на АТП направи видео обраќање во кое ја објасни својата одлука да не игра на Гренд-слем турнирот во Њујорк поради ризикот од инфекција со Ковид-19.

Претходно оваа недела Ешли Барти, исто така од Австралија, лидер во рангот кај жените во светот, објави дека нема да игра на „Флешинг Медоус“ заради пандемијата и ширењето на коронавирусот.