Connect with us

Кошарка

Ник Нерс прогласен за најдобар тренер во НБА лигата

Орландо, 22 август 2020 (МИА) – Предводникот на Торонто репторс, Ник Нерс е прогласен за тренер на годината во НБА за сезоната 2019/20.

Клубот од Каната предводен од Нерс заврши на второто место во лигата со 53 победи на 72 натпревари и клупски рекорд со 73,6 проценти успешност.

По продолжувањето на регуларната сезона прекината поради пандемијата на коронавирус во март, Репторс победија седум од осум одиграни натпревари.

Во плејофот Торонто води против Бруклин со 3:0 и е на една победа од пласман во конференциското полуфинале. зс/

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com