Други спортови
Нико Хулкенберг се подготвува за следната трка во Формула 1
Нико Хулкенберг продолжува да се подготвува за Големата награда на Саудиска Арабија во Формула 1 доколку Себастијан Фетел не закрепне навреме за трката на 27 март.
„Бев цел ден на симулатор во Англија за да ја запознаам Џеда. Во среда летам за Саудиска Арабија и одлуката најверојатно ќе биде донесена во четврток. Се подготвувам за секој случај“, изјави за медиумите 34-годишниот возач на Астон Мартин.
Германецот минатата недела заврши на 17-тото место на трката за ГН на Бахреин.
Поранешниот светски шампион Себастијан Фетел не е целосно излечен од коронавирусот.